Турбуленци во редовите на Велосипедската федерација на Македонија, очигледен раздор меѓу првиот човек Емил Цветанов и досегашните членови на Управниот одбор на федерацијата.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, претседателот на федерацијата Емил Цветанов поднел пријава до СВР Куманово дека „од страна на неколку членови од федерацијата биле извршени кривични дела „фалсификување службена исправа“, „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „затајување“.
„На 21.04.2026 во 11:30 часот во СВР Куманово, Е.Ц.(45) од Куманово, претседател на Велосипедската федерација, пријави дека од страна на неколку членови од федерацијата биле извршени кривични дела „ фалсификување службена исправа“, „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „затајување“ – се вели во соопштението од МВР во кое се дополнува:
„Според пријавеното, тие биле отповикани како членови на Управен одбор на федерацијата на седница одржана на 11.03.2026, а после тоа со неовластена употреба на печат на федерацијата, кој бил даден на користење од поранешниот секретар повеле иницијатива за свикување на собрание на Велосипедската федерација. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

