Второлигашот Шкендија Арачиново вистински го шокира актуелниот макдонски шампион Шкендија Тетово, во првото полувреме на гостувањето во првиот натпревар од полуфиналето во Купот на Македонија.
Арачиновци успеаја да го изненадат актуелниот македонски шампион, кој иако прв поведе, на крај има негатива од 1-2 на полувремето.
Тетовска Шкендија поведе уште во 4. минута од средбата со голот од пенал на Трумчи.
Но, Шкендија Арачиново израмни во 30. минута, по убавата акција на Шаркоски по десната страна, и голот со глава на Амир Нухија.
Во 44. минута прекрасен гол постигна Фикрет Ливарека за водство од 1-2 на Шкендија Арачиново по првите 45 минути.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

