Кошаркарите на ТФТ вечерва од 20:30 часот на мегдан против домашниот Широки Бријег, во првиот меч од финалната серија во АБА2 лигата.
Македонскиот тим е силно воден од амбициите за влез во АБА1 лигата, носени од огромен мотив за сите во таборот на ТФТ да продолжат со испишувањето на историја.
Факт е дека Широки ја носи фаворитската улога пред вечерашната пресметка, но претходно и Златибор и Сутјеска беа во иста улога, па ТФТ и тоа како најде начин за влез во финалето.
„Пред нас е тешко гостување во финалната серија. Се среќаваме со одлична екипа, Широки има квалитет и игра фантастична кошарка. Ние сме подготвени, мотиви не недостигаат кога се игра едно финале, ќе дадеме се од себе да го крунисаме овој наш настап со титула и пласман во АБА1. Очекувам интересна и возбудлива финална серија и нека победи подобриот“, вели репрезентативецот Виктор Ташовски пред денешниот старт на финалната серија.
Реваншот од финалето се игра следната недела во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

