Тетовска Шкендија со тешка мака ја „сруши“ арачиновска во првиот меч од полуфиналето во Купот (ВИДЕО)

Актуелниот македонски шампион Шкендија Тетово со пресврт успеа да слави со 3-2 против второлигашот Шкендија Арачиново пред своите навивачи во првиот натпревар од полуфиналето во Купот на Македонија.

Арачиновци успеаја да го изненадат актуелниот македонски шампион, кој иако прв поведе, дојдоа до предност од 1-2 на полувремето.

Тетовска Шкендија поведе уште во 4. минута од средбата со голот од пенал на Трумчи.

Но, Шкендија Арачиново израмни во 30. минута, по убавата акција на Шаркоски по десната страна, и голот со глава на Амир Нухија.

Во 44. минута прекрасен гол постигна Фикрет Ливарека за водство од 1-2 на Шкендија Арачиново по првите 45 минути.

Сепак, фаворитот, со нов пресврт на мечот и два гола во второто полувреме успеа да дојде до посакувана победа од 3-2.

Најпрво, во 54.минута Ване Крстевски погоди од непосредна близина за израмнување на резултатот на 2-2.

А, потоа во 70.минута и Мелиќи погоди од непосредна близина по нафрлањето на Красниќи за конечни 3-2.

Се вчитува...