Тодоровиќ: Маџари е во полуфинале, но не застануваме тука!

Маџари уште еднаш покажа зошто важи за хит на сезоната во кошаркарскиот шампионат откако новиот суперлигаш во првата сезона од учество во елитното друштво  успеа да обезбеди пласман во полуфиналето. Тимот одлично предводен од Миодраг Тодоровиќ игра одлична кошарка цела сезона, за попладнево да блесне во сиот свој сјај на клучниот дуел со Кожув, славејќи на убедлив начин над Кожув со 114-89, за запечатување на четвртото место на две кола до крајот и историски пласман во Топ 4.

По мечот тренерот на Маџари, Тодоровиќ беше пресреќен за испишувањето на историја…

„Прво да им честитам на моите играчи и на стручниот штаб за одличната победа. Доминиравме во текот на целата утакмица и сосема заслужено дојдовме до триумфот. Сега сме во полуфинале, но не застануваме тука, гладни сме за повеќе и продолжуваме уште посилно“, изјави Тодоровиќ. 

Се вчитува...