Македонскиот интернационалец Агон Елези продолжува со одличните игри во босанскиот шампионат. На денешниот натпревар против Слога, Елези ја отвори серијата голови во 37. минута, трасирајќи го патот кон високата победа на Сараево од 4-0.
Доминацијата на домашниот тим беше крунисана во второто полувреме, кога Жоао Карлос со два погодоци и Купрешак го поставија конечниот резултат. Со овие три бода, Сараево ја зацврсти третата позиција на табелата со вкупно 52 бодови, зад второпласираниот Зрињски (59) и лидерот Борац Бања Лука (69).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

