„Баделки“ не се предаваат, ќе играат трет меч со шампионот

Екипата на Бадел 1862 израмни на 1-1 во полуфиналната плеј-оф серија од Првата лига, откако на домашен терен убедливо го совлада актуелниот шампион Баскет Кам со 51-69.

Апсолутна контрола имаа девојките во „сино-жолта“ комбинација на овој втор меч од серијата. Во ниту еден момент не му дадоа на фаворитот да размислува за успех. Водеа по истекот на првата четвртина, со (15-11), а до големиот одмор, ја удвоија на (31-23).

Најубедливо делуваа во третиот период од играта во кој избраничките на тренерот Дарко Димитријевиќ стекнаа огромно водство (57-40), кое успешно го одбранија во последната.

По доминантната партија пред својата публика, патникот во финалето ќе се одлучува во третиот решавачки натпревар, кој се очекува да се одигра претстојниот викенд.

Се вчитува...