Феникс славеше на Гостивар и задржа каква-таква шанса за опстанок

Кошаркарите на Феникс славеа на домашен терен против Гостивар со 98-85 во меч од 3. коло од плеј-аут фазата во Суперлигата на Македонија и со тоа некако ги задржаа шансите за опстанок во елитата.

Домаќините подобро го отворија натпреварот и по првите десет минути имаа предност од 22-17. До крајот Феникс успеа да го исконтролира мечот и да стигне до конечен триумф од 98-85. Луал Рахама со 23 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените недоволни беа 23 поени на Кенан Карахоџиќ.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...