Македонецот во супер форма: Два гола на Тодороски за победа на ТСЦ

Во супер форма е македонскиот интернационалец Андреј Тодороски за ТСЦ Бачка Топола, и тоа во миговите кога е најпотребен за опстанокот на својот тим.

Тодороски вечерва постигна два гола во триумфот на својата екипа над Спартак Суботица, носејќи на својот тим важни три бода во обидот да се обезбеди уште една сезона настап во прволигашката конкуренција.

Тодороски првиот гол го постигна во 17. минута од средбата кога израмни на 1-1 по водството на противникот, а потоа во 75. минута зголеми на 1-3. На крајот гостите постигнаа уште еден гол за конечен триумф од 1-4.

Со овие два гола, вкупниот број на погодоци на Тодороски е шест во српскиот шампионат.

Се вчитува...