Судот одреди 30 дена притвор за Муамед Сејдини

По вчерашните информации од Јавното обвинителство за приведување на поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини, кој беше изведен пред истражен судија со сомнение за проневера на финансиски средства, доцна синоќа и од одлуката од Судот за 30 дена притвор за поранешниот прв човек на ФФМ.

Судот ја прифати иницијативата на обвинителството поради опасност од бегство и влијание врз сведоци.

Сејдини се сомничи за „проневера во службата“, како што пренесе МВР, откако незаконски префрлил околу 660.000 евра аванс на фирма за изградба на трибина во Охрид. Случајот е поврзан со средства добиени од УЕФА, наменети за ревитализација на спортска инфраструктура во рамки на програмата „ХетТрик VI“. Се работи за проект за изградба на трибина на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, за кој била избрана понуда во вредност од околу 3,3 милиони евра без ДДВ.

Иако таква можност не била предвидена ниту побарана од изведувачот, ниту пак била дел од одлуката на Управниот одбор, осомничениот вметнал дополнителен услов во договорот – авансна исплата од 20% од вредноста на договорот, пред започнување на работите и без обезбедување.

На 17 декември 2024 година, со негов налог, средствата во износ од околу 660.000 евра биле исплатени авансно на избраната фирма, нведе МВР во своето соопштение.

Се вчитува...