Арсими по задолжителни три бода против Шкупи во битката за опстанок

Фудбалерот на Арсими, Семир Џемаили, осврнувајќи се на денешниот натпревар против Шкупи во 29. коло од ПМФЛ (12 часот), вели дека Шкупи е клуб со големо име и традиција во македонскиот фудбал, па иако моментално клубот се соочува со тежок период поради различни проблеми, ќе мора да се даде максимум за да се дојде до посакуваните три бода.

„Шкупи е голем клуб со богата историја. Ние не гледаме на нивната моментална ситуација, туку се подготвуваме сериозно и со почит, исто како и против секој друг тим во лигата”, вели Џемаили.

Тој се осврна и на последниот натпревар против Работнички, изразувајќи разочарување од исходот и нагласувајќи дека Арсими заслужил повеќе, но малите грешки скапо ги чинеле.

„Против Работнички одигравме солиден натпревар, но некои ситни грешки не казнија. Тоа се детали на кои мора да внимаваме во продолжението“, додаде тој.

Во однос на целите на клубот, Џемаили истакна дека примарната цел на Арсими останува опстанокот во Првата лига, потенцирајќи дека секој нареден натпревар за нив е како финале.

“За нас секој натпревар е од огромно значење. Потребен е максимален фокус до самиот крај за да ја оствариме целта“, заклучи фудбалерот на Арсими.

По тешкиот пораз од Вардар, фудбалерите на Шкупи, пак, во овој дуел влегува со голема желба конечно да ја запише првата сезонска победа против овој противник. Младиот фудбалер на Шкупи, Ендрит Акику, пред натпреварот истакна дека тимот е максимално мотивиран без разлика на околностите.

„Не е важно дали играме со млади или со искусни фудбалери. Ние сме Шкупи и во секој натпревар влегуваме со цел да го дадеме максимумот. Не се плашиме од никого. Тука сме да ги браниме боите на клубот до последната секунда. Очекуваме фер игра и ќе се бориме за позитивен резултат“, изјави Акику.

Тимот на Арсими се покажа како „незгоден“ противник за Шкупи оваа сезона, доминирајќи во досегашните пресметки во Прва Лига, Арсими славеше во двата натпревари (4-2 и 3-0). Арсими победи на последниот пријателски натпревар (1-0), додека единствениот триумф на Шкупи датира од пријателскиот меч на 23 март 2024 година (3-1).

Натпреварот помеѓу Арсими и Шкупи ќе се одигра денеска (петок, 24 април) на стадионот во Гостивар со почеток во 12 часот.

Се вчитува...