Легендарниот шпански тренер Талант Дујшебаев заврши една голема ера откако по 12 години реши да се раздели со поранешниот освојувач на Лигата на шампионите, полскиот великан Кјелце.
Шпанецот помина повеќе од деценија во полскиот клуб, период во кој доминираше во шампионатот на оваа земја, а најголемиот успех го имаше во 2016 година кога на Ф4 турнирот во Келн стигна до титулата во Лигата на шампионите.
Дујшебаев почнува нова епизода од својата кариера откако ја презема репрезентацијата на Франција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

