Збогум Барселона, Монако е последниот учесник во плеј-офот на Евролигата

Евролигата го доби и последниот учесник во плеј-офот. Таму се пласираше Монако кој во плеј-инот ја победи екипата на Барселона, и така ја елиминираше од најелитното клупско кошаркарско натпреварување. На крајот Монако славеше триумф од 79-70 на домашен терен.

Уште од самиот старт домашните кошаркари ја контролираа ситуацијата и резултатот. По првата четвртина се стекнаа со предност од 26-14, а на полувремето имаа и 14 поени предност.

Барселона се врати во третиот период, го доби со 9-18, но немаше сила за пресврт. Монако успеа во четвртата четвртина да дојде при себе, и да успее да ја задржи предноста со која оди на мегдан на Олимпијакос во 1/4 финалето на Евролигата.

Најефикасен кај Монако беше ТАјс со 16 поени, а ист број поени постигна Клајбурн кај Барселона.

Се вчитува...