Марк Маркез конечно успеа да излезе како победник од едни квалификации во Мото ГП, па деветкратниот светски првак ќе ја стартува како лидер утрешната трка за ГН на Шпанија што ќе се вози на патеката Херез.
Маркез конечно ги остави зад себе проблемите со повредите и се покажа во одлично светло, во самиот финиш стигнувајќи до пол-позицијата пред Жоан Зарко. Токму Зарко беше најпријатно изненадување во овие квалификации и се чинеше дека ќе стигне до првото место, но Маркез буквално во последниот круг оствари време од 1:48.087, најдобро од сите во денешниот настап.
Ова е прва пол-позиција за Марк Маркез по пауза од цели 254 дена, кога Шпанецот беше најдобар во квалификациите во Унгарија, на патеката крај езерото Балатон.
Третото место во денешните квалификации му припадна на Фабио ди Џанантонио, возач на академијата на Валентино Роси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

