ВИДЕО: Феноменална одбрана на Столе Димитриевски во 90. минута за спас на Валенсија!

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски повторно е херојот во победата на Валенсија од 2-1 на домашен терен против Џирона, со кој е направен голем чекор кон опстанок во Ла Лига.

Во финишот од средбата, буквално низ последните секунди од регуларното време, Димитриевски имаше феноменална интервенција по ударот на Стуани од само 5-6 метри пред неговиот гол, спречувајќи израмнување на гостите.

На тој начин Столе Димитриевски успеа да спаси големи три бода за Валенсија.

Претходно, домашните водеа со 2-0 го головите на Рамазани и Садик, а Рока во 63. минута погоди за гостите.

Се вчитува...