Македонскиот интернационалец Димитар Митровски постигна вистински спектакуларен гол директно од слободен удар во дресот на Олимпија Љубљана во словенечкиот шампионат.
На вчерашниот натпревар, Олимпија загуби со 3-2 на гостувањето против Копер, но ќе остане запаметен голот на Митровски како најубавиот момент на мечот.
Во 71. минута македонскиот крилен офанзивец постигна маестреален гол директно од слободен удар од околу 25 метри.
Тоа беше погодок за намалување на предноста на домашните на 2-1 во тие моменти, Олимпија потоа израмни и на 2-2, но Копер стигна до победа од 3-2 во финишот од мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

