Џани Алиоски со гол за победа на Лугано им ја одложи шампионската радост на Тун и Растодер (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски е причината за одложената шампионска прослава за Тун и Елмин Растодер во швајцарскиот шампионат.

Со победа синоќа Тун, во чии редови најдобар стрелец е македонскиот репрезентативец Растодер, се очекуваше да ја прослави шампионската титула во Швајцарија, но сето тоа е одложено по поразот од Лугано од 0-1.

А, стрелец на победничкиот гол за Лугано и тоа од пенал во 97. минута од средбата беше соиграчот на Растодер од македонската репрезентација, Џани Алиоски кој прецизно стрелаше од 11 метри…


Се вчитува...