Кошаркарот на Денвер, Никола Јокиќ, го коментираше своето однесување на крајот од дуелот со Минесота.
Кошаркарите на Денвер загубија од Минесота со 112-96, и се на работ на елиминација уште пред полуфиналето во Западната конференција.
Минесота ја обезбеди победата на 90 секунди до крајот, а во последната секунда, МекДениелс реши да ги постигне поените за крај. Тоа не му се допадна на Никола Јокиќ, кој истрча кон играчите на Минесота од другиот крај на теренот во обид за пресметка.
Ситуацијата се искомплицира, а набрзо беа вклучени голем број играчи, а сè заврши со исклучување на Јокиќ.
„Не се каам. Затоа што тој одлучи да постигнува поени кога сите стоеја. Не го направив тоа за да го „запалам“ мојот тим. Ајде луѓе, видовте сами што се случи. Тоа е „непишано правило“ да не се постигнуваат поени на самиот крај од натпреварот. Не се каам што му се спротивставив. Не, не се каам“, додаде српскиот кошаркар.
Тој коментираше и за неговата игра против Миноста во оваа серија.
„Просечно. Има по малку од сè тука. Не шутирам баш добро, особено за три поени. Руди Гобер добро ја врши работата, физички е силен, ги тестира судиите, се меша во шутевите… тој е врвен дефанзивец. Но, не е само тој, целиот нивен тим е одличен, постојано те држат во раце, те туркаат…“ – рече Јокиќ.
Денвер сега се соочува со елиминација.
„И претходно сме биле во ваква ситуација. Како што реков пред два дена, најважен е следниот натпревар. Одиме во Денвер за да се обидеме да ја вратиме серијата тука. Во плејофот, едноставно мора да пронајдете начин да победите. Не можете да очекувате совршен натпревар, но мора да го добиете тој посед, таа четвртина, тоа полувреме“, заклучи Никола Јокиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

