Одличен успех на македонската кадетска женска репрезентација која се пласираше во полуфиналето на Светското ракометно училишно првенство кое се одржува во Скопје.
Во четвртфиналето македонските ракометарки по пресврт триумфираа против селекцијата на Бразил со 19-18.
Бразилките на почетокот од мечот имаат предност и од 2-7, па потоа и 4-8. Но, македонските ракометарки со одлчна серија во продолжението, најпрво со 5-1 за израмнување на 9-9, а потоа и низ дополнителен ритам дојдоа до водство на полувремето од 11-10.
Во второто полувреме се играше гол за гола, се до предност од 16-13 во 45 минута за Македонија, и потоа веќе се навести победникот, иако до крај во неизвесна завршница.
Најефикасни во составот на Македонија беа Ања Лашкоска со пет и Тара Аврамовска со четири погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

