Најдобриот македонски маратонец, Дарио Ивановски забележа уште еден извонреден успех триумфирајќи денеска на полумаратонот во Дубровник, Хрватска.
Ивановски беше најбрз на трката на 21 километар, завршувајќи ја со време од 1:06.30, а зад себе оставајќи ги Силвије Томач со време од 1:14.05 и Жељко Цота со време 1:14.23 часа.
Како што е познато, минатата недела Дарио Ивановски го освои второто место на престижниот маратон во Белград со заостанување од само 24 секунди зад Гудет Гемсис од Етиопија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

