Кенискиот атлетичар Себастијан Саве постави нов светски рекорд во маратон, победувајќи на Лондонскиот маратон за време од еден час, 59 минути и 30 секунди.
Саве стана првиот спортист во историјата што истрчал маратон за помалку од два часа. Тој го собори претходниот светски рекорд од 2:00:35, поставен од Кениецот Келвин Киптум на маратонот во Чикаго во октомври 2023 година.
Етиопскиот тркач Јомиф Кеџелча заврши втор на Лондонскиот маратон, исто така завршувајќи за помалку од два часа. Тој истрча еден час, 59 минути и 41 секунда.
Јакоб Киплим од Уганда заврши трет, исто така побрзо од претходниот светски рекорд. Тој истрча време од 2:00:28 часа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

