И кадетите во битка за медал: Во полуфиналето против Србија

По девојките претходно, и македонската машка кадетска репрезентација се пласираше во полуфиналето на Светското училишно првенство во ракомет кое се одржува во Скопје.

Нашите кадети на последниот натпревар од групната фаза ја победија Саудиска Арабија со 23-11, па за место во финалето избраниците на Горан Кузманоски ќе играат против Србија.

Македонија доминацијата на денешниот дуел ја почна уште во првото полувреме, со предност од 10-6 на паузата. Во вториот дел се продолжи уште поубедливо на крај за висока победа.

Полуфиналето се игра утре во салата „Македонско Сонце” со почеток во 12:30 часот.

Се вчитува...