Партизан заврши одлична работа со новиот договор на Карлик Џонс, а „црно-белите“ се на прагот да осигураат уште еден значаен потпис – за Ник Калатес да остане меѓу „црно-белите“ и наредната сезона.
Грчкиот ветеран пристигна пред неколку месеци во ситуација кога Партизан мака мачеше на плејмејкерската позиција, Кататес не добиваше шанса во Монако, но експресно влезе во ритам во дресот на Партизан давајќи солиден придонес за добрите резултати на белградскиот тим во последните два месеци,
Тренерот Пењароја е импресиониран од искусниот играч, па веќе побарал од управата да стори се што може за Калатес да остане во тимот и наредната сезона.
Финансиските проблеми на Монако ќе придонесат Гркот да биде слободен за трансфер, самиот Калатес не крие дека би сакал да остане, преговорите се во напредна фаза и се очекува новиот договор да биде официјализиран во наредните десетина дена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

