Везенков е МВП на Евролигата

Саша Везенков е добитник на признанието за МВП на сезоната во Евролигата по одличните настапи со кои бугарскиот ас го предводеше Олимпијакос до првото место во пресрет на плејофот.

Во гласањето учествуваат тренерите на евролигашите, капитените на екипите, како и новинарите и фановите, а Везенков апсолутно заслужено стигна до наградата. Веднаш зад него на второто место се најде Силван Франциско од Жалгирис, а третата позиција во гласањето ја освои Елајџа Брајант, кој имаше извонредна прва сезона во дресот на Хапоел по трансферот од Ефес.

Везанков беше прв стрелец на евролигата со просек од 19,4 поени по натпревар, воедно и беше број 1 по бројот на индексни поени (просек од 23,1 по натпревар).

Ова е втора сезона бугарската суперѕвезда да стигне до МВП признанието откако истото го стори и во 2023 година, со што стана само втор играч во историјата со две вакви награди во својата колекција, по Ентони Паркер (2005 и 2006).

Се вчитува...