Ненад Димитријевиќ игра во топ-форма во дресот на Баерн Минхен, а добра вест за македонскиот интернационалец е што повредата заработена на последниот бундеслигашки дуел не е од посериозен карактер.
Димитријевиќ одигра одлично, но мораше да биде повлечен од игра поради повреда на скочниот зглоб. За среќа, деталните лекарски прегледи покажаа дека повредата воопшто не е сериозна, па Димитријевиќ доби и зелено светло да настапи на следниот меч на Баерн, што тимот на Светислав Пешиќ ќе го игра на домашен терен против Рошток.
Ненад Димитријевиќ последните месеци настапува за Баерн како позајмен играч од Зенит, Македонецот по завршувањето на сезонава би требало да се врати назад во рускиот клуб, но големи се шансите доколку продолжи со квалитетни игри да обезбеди останување во Минхен или трансфер во друг евролигашки клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

