Кошаркарите на Пелистер извонредно го стартуваа настапот во плејоф-доигрувањето, забележувајќи три победи на трите досегашни дуели во оваа фаза од сезоната.
Третото место е веќе осигурано во пресрет на полуфиналето, но „зелено-белите“ не планираат да застанат тука, туку да продолжат и во преостанатите две средби, како загревање за полуфиналните пресметки.
Откако во минтото коло го декласираа составот на ТФТ, кошаркарите на Пелистер полни со самодоверба утре ќе патуваат за Скопје, каде ќе излезат на мегдан со шампионот МЗТ.
„Свесни сме за квалитетот на противникот кого максимално го почитуваме. Фактот дека имаме два пораза од МЗТ сезонава не менува многу, истото беше случај и со Кожув и со ТФТ, кои ги победивме во претходните две рунди. Шампионот е посебен предизвик и секако дека сакаме да славиме против него, но свесни сме дека тоа можеме да го оствариме само со максимална фокусираност во текот на сите 40 минути, како во нападот, така и во одбраната. Подготвени сме за тој предизвик“, изјави Бобан Стајиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

