Битигхајм останува на чело на табелата во втората германска лига, а нашиот Мартин Томовски е меѓу најзаслужните што овој тим е главен кадндат за влез во елитното друштво.
Битигхајм денеска забележа нова значајна победа, и тоа на гостински терен совладувајќи го Гросвлштад со 29-38. Првото полувреме беше неизвесно (16-17), за Томовски со неколку успешни интервенции да помогне неговиот тим да се одлепи резултатски, на крајот да слави и со убедливи девет гола разлика.
Македонскиот репрезентативен голман го заврши натпреварот со осум успешни одбрани со 27% успешност, неговата резерва Хрдлицка имаше две интервенции, додека најефикасен во нападот на Битигхајм беше Орлов со 12 постигнати гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

