Чест за Македонецот: Митко Стојкоски специјален гостин на вечното дерби

Црвена Звезда токму на дерби дуелот со Партизан ја прослави новата шампионска титула во Србија, а „црвено-белите“ му укажаа огромна чест на Македонецот Митко Стојкоски, кој беше специјален гостин за ова големо дерби.

Стојкоски не можеше да ги скрие солзите по бурните овации што ги доби од приврзаниците на Црвена Звезда додека крај аут линијата ги отпоздравуваше навивачите.

За потсетување, Македонецот беше човек на одлука на јубилејното 100. вечно дерби , во кое најпрвин изнуди пенал за 1-1, а потоа и го постигна победничкиот гол за тотална еуфорија меѓу „црвено-белите“.

А навивачите на Црвена Звезда не ги забораваат тие блескави спомени…

Се вчитува...