Голем шок за Холандија – Чави Симонс го пропушта СП 2026: „Срцето ми се кине“

Членот на лондонски Тотенхем, Чави Симонс објави дека неговата сезона е завршена и дека нема да игра на Светското првенство ова лето во дресот на Холандија.

„Велат дека животот може да биде суров и токму така се чувствувам“, објави 23-годишниот Симонс, кој беше сериозно повреден минатата недела во натпревар од Премиерлигата во кој неговиот Тотенхем го победи Вулверхемптон со 0-1.

Симонс заработи повреда на коленото, а првите медицински извештаи укажуваат на повреда на предниот вкрстен лигамент на десната нога. Следува долга пауза од фудбалот.

„Срцето ми е скршено. Сите мои желби за крајот на сезоната и оние поврзани со Светското првенство исчезнаа“, додаде Симонс, кој не само што ќе ја пропушти Холандија на првенството, но оваа вест е и голем хендикеп за Тотенхем, кој се бори да остане во Премиер лигата.

Лондонскиот тим е на 18-то место, во зоната за испаѓање. Симонс е член на Тотенхем од минатата година, а во својата кариера одигра 34 натпревари за холандската репрезентација, постигнувајќи шест гола.

Оваа сезона има 43 настапи, шест гола и седум асистенции. Трансфермаркт ја проценува неговата вредност на 50 милиони евра.

Се вчитува...