Капитенот на репрезентацијата на БиХ, Един Џеко се уште се опоравува од повредата додека неговиот Шалке 04 е на прагот на повторно враќање во Бундеслигата.
Спортскиот директор Франк Бауман им даде надеж на навивачите на Шалке за продолжување на соработката со напаѓачот, и негово останување во клубот за настап и во елитата во Германија.
„Един не станува помлад. Ние сме неверојатно среќни, како и тој. Тој има голема цел тука со Шалке и со БиХ на Светското првенство. Не брзаме и во моментов сме во преговори“, рече Бауман.
По Светското првенство, Един Џеко ќе размисли дали, на 40 години, сака да игра уште една сезона во Бундеслигата или да ја заврши кариерата. И покрај неговата напредна возраст за фудбалер, тој сепак го докажа својот квалитет во втората лига.
Според некои извештаи, Џеко не планира да ја заврши кариерата, дури се споменува дека би можел да игра до јуни 2028 година, особено ако Босна и Херцеговина се квалификува за Европското првенство. Тогаш Един би имал 42 години…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

