Спортскиот директор на Баерн Минхен, Макс Еберл, потврди дека клубот нема да ја искористи откупната клаузула за сенегалскиот напаѓач Николас Џексон. Играчот ќе се врати во Челзи на крајот од едногодишната позајмица.
Голгетерот пристигна во Минхен во септември како позајмен играч од таборот на „сините“ на една сезона. Беше резерва на Хари Кејн, но успеа да даде седум гола во 20 меча во Бундеслигата.
„Нема да ја активираме клаузулата за траен трансфер на Џексон“, изјави тој за германската телевизија, појаснувајќи дека опцијата не се активира автоматски и дека одлуката е конечна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

