Струга ТЛ со предност на полувреме против Силекс (ВИДЕО)

Предност од 1-0 на полувреме има тимот на Струга ТЛ во дуелот со Силекс во претпоследниот натпревар од 29. коло во ПМФЛ, во директната битка за третата позиција на табелата во ПМФЛ.

Струга ТЛ имаше подобар старт на мечот, повеќе шанси, а уште во 10. минута Малески не успеа да го совлада Џеков, кој перфектно одбрани.

Во 21. минута предност за Струга ТЛ. Шабани од слободен удар нафрли, а Маудо со глава погоди во горниот десен агол од голот на Џеков.

Силекс се разбуди во финишот, двапати се обиде, меѓутоа Ангелети беше на место и одбрани.

Се вчитува...