Браво деца! И кадетите ќе се борат за злато на СП во училишен ракомет

После кадетките  кои се пласираа во финалето на Светското првенство во училишен ракомет во Скопје, и кадетите успеаја во таа цел.

Кадетската репреезнтација на Македонија ја совлада Србија со убедливи 30-19, и утре ќе се бори за златниот медал. На полувреме македоснката селекција имаше предност од 14-10, а победникот го реши на стартот од вториот дел со серија од 5-0.

Финалето ќе се игра утре во СЦ Јане Сандански во 16:00 часот, а ривал ќе биде подобриот од дуелот Израел – Хрватска.

Се вчитува...