Шок за Хрватска: Модриќ има двојна скршеница

Капитенот на хрватската репрезентација и член на Милан, Лука Модриќ заработил двојна скршеница на јаболчницата, и неговата сезона е завршена.

Исто така „виси“ и неговиот настап на Мундијалот, кој требад а биде последен во кариерата, додека хрватските медиуми веруваат дека тој ќе се врати на време за настап на Светското првенство. Доколку настапи, тогаш ќе мора да носи специјална маска.

Јасно е дека отсуството на Модриќ од Светското првенство би било огромен удар за Хрватска, и сите се во шок. Сè уште не е познато какво ќе биде закрепнувањето на Лука Модриќ, дали ќе мора да се подложи на операција или не.

Модриќ ќе има уште 50 дена да се обиде навреме да се рехабилитира за настап.

Се вчитува...