Добриот пријател на Меси седнува на клупата на Реал Мадрид?

На крајот од сезоната, Алваро Арбелоа и дефинитивно ќе ја напушти функцијата тренер на првиот тим на Реал Мадрид. Управата на тоа место сака ново име, пишува Ел Мундо.

Под негово водство, Реал ја завршува сезоната без трофеј и игра до крајот на сезоната само затоа што мора. Тој беше елиминиран од Купот на Кралот од второлигашот Албасете, во четвртфиналето на Лигата на шампионите ги загуби двата натпревари од Баерн, додека Барселона има дури 11 бода повеќе од Реал во шпанското првенство.

Затоа Реал директно го контактирал Лионел Скалони (47), тренерот на Аргентина кој освои една титула светски шампион и две титули јужноамерикански шампион. Интересно е што единственото тренерско искуство на Скалони е водењето на аргентинската репрезентација.

Се вчитува...