Енрике: Ниту еден тим во светот не е подобар од нас

Фудбалерите на Пари Сен Жермен утре на домашен терен ќе го пречекаат Баерн Минхен во првиот натпревар од полуфиналниот двомеч во Лигата на шампионите. Тренерот на светците Луис Енрике со голема самодоверба влегува во мечот кој ќе се игра на „Паркот на принцовите“.

„Не станува збор само за напаѓачката статистика, туку ако се погледне и дефанзивната статистика, ова се најдобрите тимови во Европа. Но, ниеден тим не е подобар од нас“, изјави Енрике. 

ПСЖ ја брани европската титула откако го декласираше Интер со 5-0 во финалето минатата сезона. Оваа сезона, парискиот клуб го заврши лигашкиот дел на 11. место, а потоа стигна до полуфиналето преку Монако, Челси и Ливерпул.

Се вчитува...