Шансите на Аталанта за излез во фудбалска Европа се сведени на теорија откако калчолигашот од Бергамо загуби со 3-2 на гостувањето против Калјари.
Се уште во шок по елиминацијата во полуфиналето од Копа Италија, фудбалерите на Аталанта катастрофално го почнаа мечот, па Калјари во осмата минута веќе водеше со 2-0 со двата гола на Менди.
Гостите се вратија и со двата гола на Скамака израмнија на 2-2 уште пред крајот на првото полувреме, но кога се очекуваше целосен пресврт, Калјари беше тимот што постигна нов погодок, дело на Борели во 47. минута, за три бода со кои тимот од Сардинија практично си го осигура опстанокот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

