Фенербахче го шутна тренерот Тедеско

Фенербахче повторно реши да менува тренер врачувајќи му отказ на Доменико Тедеско, како резултат на убедливиот пораз на дербито со Галатасарај (3-0), кој значеше и губење на шансите во трката за шампионската титула.

Тедеско пристигна во турскиот гигант пред неколку месеци како наследник на Жозе Мурињо, но не ги оправда очекувањата на навивачите и управата.

Фенербахче и покрај засилувањата во јануарскиот преоден рок не заигра доминантен фудбал, поразот од Галата само ги потврди стравувањата дека Тедеско не е вистински тренер за овој клуб, по што следеше и одлуката за отказ.

„На последниот состанок на нашиот борд на директори, донесена е одлука за разделба од Доменико Тедеско и неговиот стручен штаб. Им благодариме за нивниот придонес и им посакуваме среќа во следните ангажмани. Нашиот помошен тренер Зеки Мурат Голе ќе го води тимот до крајот на сезонава“, се вели во клупското соопштение на Фенербахче.

Се вчитува...