Самото доделување беше бизарно и необјасниво на почетокот, бидејќи во тоа време американските бродови и ловци влегоа во водите на Венецуела.
Но, она што следеше во светот откако Џани Инфантино измисли некаков вид награда за мир на ФИФА за да се удоволи на Доналд Трамп, не донесе мир на никого, а уште помалку добро.
Први решија да го кренат гласот во Фудбалската асоцијација на Норвешка, од каде директно побараа од претседателот на ФИФА да ја поништи наградата на човекот што предизвика нови војни и немири на планетата.
„Сакаме таа награда да биде укината. Не веруваме дека е во надлежност на ФИФА да доделува таква награда. Веќе постои Нобелов институт кој се занимава со тоа независно“, изјави претседателката на Норвешката конфедерација, Лизе Клавенес, и додаде:
„Веруваме дека е важно фудбалските асоцијации, конфедерациите и ФИФА да избегнуваат ситуации во кои нивната независност од државните лидери може да биде доведена во прашање. Ваквите награди лесно можат да станат политички ако нема соодветни механизми и експертиза за да се гарантира независноста на процесот. Формирањето на жирито и критериумите за избор е работа што бара целосна посветеност. Тоа е многу чувствително прашање. Кога ќе го погледнете од перспектива на ресурси, мандат и пред сè управување, мислам дека ова треба да се избегнува во иднина“, изјави Клавенесова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

