Двократниот европски шампион Вардар го очекува натпреварот на сезоната откако вечерва ќе му госутва на францускиот великан Монпелје во првиот натпревар од четвртфиналниот двомеч во Лигата на Европа.
Тимот од главниот град на Македонија веќе ја завери двојната круна сезонава откако славеше во Националниот куп во трилер финалето против ГРК Охрид во Струмица, а во домашниот шампионат до крајот на сезоната му е потребен само еден бод.
Сега останува само уште последната од зададените цели сезонава на тренерот Иван Чупиќ, а тоа е пласман на завршниот турнир во второто по ранг натпреварување на стариот континент.
Натпреварот меѓу Монпелје и Вардар е закажан за вечерва со почеток во 20.45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

