Килијан Мбапе го пропушта „Ел класико“?

Реал Мадрид ја потврди дијагнозата на својот најдобар стрелец, Килијан Мбапе, кој заработи повреда на левиот бутен мускул на мечот против Бетис. Иако првичните прегледи носат олеснување бидејќи не се работи за потешко оштетување, клубот не прецизираше колку долго Французинот ќе биде отсутен.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Мбапе дефинитивно го пропушта дуелот со Еспањол, додека неговиот настап на големото дерби против Барселона на 10. мај е под голем знак прашалник.

Поради честите проблеми со повредите сезонава, во Мадрид владее загриженост дека секое избрзано враќање би можело да ја загрози неговата завршница на сезоната, па дури и настапот на претстојното Светско првенство.

Се вчитува...