НБА го избра најдобриот новајлија

Тинејџерската сензација на Далас, Купер Флег ја доби наградата за најдобар новајлија за сезоната 2025/2026 во НБА лигата.

Првиот избор од претходниот драфт заслужено ја освои наградата, но не беше толку убедлив како што можеше да се очекува. Тој имаше голем конкурент во својот поранешен цимер од Дјук, Кон Кнупел.

Флаг имаше само 26 гласови повеќе од момчето од Шарлот кое постигна најмногу тројки во лигата оваа сезона и сериозно се наметна за престижната индивидуална награда. Разликата помеѓу Флег и Кнупел е втората најтесна во историјата на гласањето за руки на годината.

Само Скоти Барнс (378 поени) и Еван Мобли (363) водеа понеизвесна борба во сезоната 2021/2022.

Се вчитува...