Страшен удар за Вардар: Без најдобрите против Монпелје

Вардар ќе биде сериозно ослабен за вечерашниот клучен четвртфинален дуел во Франција против Монпелје, откако двајцата клучни играчи во бековската линија, Дмитро Хорига и Јака Малус, отпаднаа од комбинација за настап на овој натпревар.

ЕХФ ги објави официјалните состави, со што беа потврдени стравувањата за проблемите во играчкиот кадар на „црвено-црните“, Малус се повреди на последното дерби со Алкалоид, додека Хорига поради болест нема да може да им помогне на соиграчите на овој дуел.

Дефинитивно, огромен хендикеп за составот на Иван Чупиќ, кој без двајца клучни играчи ќе се обиде да стигне до поволен резултат пред реваншот во Скопје.

Се вчитува...