Сеир на денот: Економот на Црвена Звезда има титули колку Партизан во клупската историја

Црвена Звезда ја продолжи доминацијата во српскиот фудбал со деветтата шампионска титула во низа, вкупно 37. во клупската историја.

Големиот ривал Партизан остана на 27 трофеи, „црно-белите“ не знаат за титула уште од 2017 година, а Црвена Звезда најде оригинален начин да мму фати сеир на вечниот ривал.

„Нашиот економ Стојан Милановиќ официјално со Црвена Звезда има ист број титули како ФК Партизан во својата историја“, објавија белградските црвено-бели на официјалниот канал на тик-ток.

Милановиќ е легендарен економ на српскиот првак кој неколку децении ја извршува оваа функција, останувајќи дел од клубот дури и по официјалното пензионирање.

Се вчитува...