Се е подготвено за фудбалскиот спектакл вечерва во Париз, првиот полуфинален натпревар во кој европскиот првак ПСЖ ќе го пречека Баерн Минхен, тимот што се наоѓа во најдобра форма во цела фудбалска Европа.
ПСЖ би требало да биде комплетен откако Витиња се рехабилитираше од повредата, баварците ќе бидат предводени од атомското трио Кејн – Олис – Дијаз, најава за атрактивен и офанзивен фудбал на „Паркот на принцовите“.
Во пресрет на денешното полуфинале, низа интересни статистички податоци…
ПСЖ има девет порази на досегашните 15 пресметки со Баерн Минхен во Лигата на Шампионите. Со тоа, баварскиот гигант е тимот што им нанел најмногу порази на „светците“ во историјата на елитното европско натпреварување.
Винсан Компани ги доби двете досегашни пресметки со Луис Енрике, во ноември 2024 со 1-0 и во ноември 2025 со 2-1. Ниту еден тренер не може да се пофали дека три пати го победил Енрике во Лигата на Шампионите.
Ако ПСЖ слави вечерва, Луис Енрике ќе стане тренер што најбрзо стигнал до 50 победи во ЛШ. Шпанецот досега има 49 победи иа 76 средби, а актуелниот рекорд е сопственот на Пеп Гвардиола, кој стигна до 50 победи во 80 меча во елитното европско натпреварување.
ПСЖ постигна најмалку по два гола на последните осум натпревари во нокаут фазата од Лигата на Шампионите. Ваква серија во историјата на ЛШ имала само Барселона, од април 2015 до април 2016, додека на клупата на овој тим седеше – Луис Енрике.
Витиња од ПСЖ досега има комплетирано 1.370 додавања на натпреварите во ЛШ, апсолутен рекорд откако оваа категорија почна да се брои во сезоната 2003/2004. Витиња имаше над 100 успешни додавања на осум досегашни средби, рекордер во оваа категорија е Чави од Баселона, кој имаше девет меча со над 100 успешни додавања во сезоната 2010/11.
Хари Кејн досега има 12 гола, најмногу за еден англиски фудбалер во една сезона во Лигата на Шампионите. Тој постигна најмалку по еден гол на последните четири средби во нокаут-фазата, ако стрела прецизно вечерва ќе го израмни рекордот на Роберт Левандовски од пет погодоци во нокаут-рундите на Баерн во периодот од 2016 до 2018 година.
Кварацхелија е вклучен во 13 погодоци на ПСЖ сезонава (осум гола и пет асистенции), само еден помалку од клупскиот рекорд на „светците“ во ЛШ што е сопственост на Дембеле од ланската сезона (осум гола и шест асистенции).
Маркињос вечерва ќе се израмни со Роберто Карлос како Бразилец со најмногу настапи во европските натпреварување (по 120).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

