Женската кадетска репрезентација на Македонија го освои сребрениот медал на СП во училишен ракомет, откако во денешното финале загуби од Хрватска со 26-28.
Нашите млади ракометарки одиграа одлично првенство во изминатите десетина дена во Скопје, попладнево се прикажаа во добро светло и во финалето, во кое сепак на крајот му честитаа на поквалитетниот противник. Присутните во салата „Јане Сандански“ имаа можност да уживаат во квалитетен ракомет, им дадоа голема поддршка на македонските репрезентативки, а на крајот со аплаузи беа поздравени хрватските ракометарки, како нови шампионки на ова светско првенство.
Финалето донесе неизвесен ракомет, Хрватска на полувреме имаше 15-12, но Македонија не се предаде и се приближи на 25-24 на пет минути до крајот. Противникот даде гол за 26-24, а потоа нашите ракометарки направија две технички грешки во низа, што „коцкестите“ го искористија да се одлепат и на крајот да триумфираат со конечните 28-24.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА





























