Македонските кадети го освоија златото на Светското училишно првенство (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската кадетска репрезентација го освои златниот медал на Светското ракометно училишно првенство кое изминативе денови се одржуваше во Скопје.

Избраниците на Горан Кузманоски во финалето славеа доминантно против Израел со 38-32 (20-14), и на максимално триумфален начин, со шест победи во исто толку натпревари на првенството, дојде до златниот медал!

Уште од самиот старт на денешното финале беше јасно кој е кој. Македонијаа поведе со 4-2, а потоа во континуитет одржувајќи ја и зголемувајќи предност, за водство од 20-14 на полувремето.

Низ еднаков ритам и во второто полувремето, единствено се одржуваше предност на крај за убедлива победа од 38-32.

 

Се вчитува...