Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, одлучи ова лето да прави серија промени во кралскиот клуб. Најверојатно актуелниот аргентински селектор, Лионел Скалони е избраниот човек за тренер, а шест играчи веќе ги спакуваа своите куфери.
Реал Мадрид е без трофеј втора сезона по ред, па Алваро Арбелоа е веќе поранешен тренер. Претседателот Флорентино Перез меѓу Жозе Мурињо и Скалони ќе бира нов тренер и е уверен дека било кој од нив ќе ја среди соблекувалната.
Има многу фудбалери кои ќе го напуштат клубот. Шестмина веќе се со спакувани куфери засега, а ќе има уште.
Раул Асенсио, Едуардо Камавинга, Дани Себаљос, Фран Гарсија, Давид Алаба и Дани Карвахал повеќе не се во плановите на клубот. Договорите на последните двајца истекуваат ова лето и нема да добијат нови.
Но, листата веројатно ќе биде подолга. Се чека доаѓањето на новиот тренер и тој ќе ја донесе конечната одлука за тоа кого повеќе не гледа во својот тим.
Како и да е, Жозе Мурињо би бил шокантен избор за новиот тренер. Ако навистина се случи, тоа ќе биде негово враќање на Бернабеу по 13 години.
Перез верува дека Мурињо или Скалони се единствените кои сега може повторно да го подигнат натпреварувачкиот набој во тимот, дури и по цена на нови пресврти зад сцената. Пораката до играчите е јасна – никој не е недопирлив, а место во тимот ќе мора да се заработува недела по недела.
Она што дополнително ја комплицира ситуацијата е фактот дека Реал ќе мора истовремено да размислува за засилувања. Заминувањето на шестемина остава празнини во речиси секоја линија од тимот, па веќе има шпекулации за доаѓање на нови играчи во сите линии.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

