Заврши уште еден голем спортски настан во Македонија, главниот град Скопје во изминатите денови беше домаќин на Светското првенство за училишен ракомет што финишираше со денешниот последен ден и финалните натпревари во СЦ „Јане Сандански“.
Одличен турнир за Македонија со освоен златен медал во машка и сребрен во женска конкуренција, уште една потврда зошто ракометот е спорт број еден во нашата држава.
Уште еднаш покажавме дека сме перфектни домаќини, со беспрекорна организација на Федерацијата на Училишен спорт на Македонија на чело со Елена Мицковска, со поддршка до сите надлежни институции, беше организиран настан на највисоко ниво, што кулминираше со финале пред полни трибини за овие млади ракометари.
Денеска беше спортски празник, се зборуваше само за убави работи, нека има се повеќе и повеќе вакви работи во иднина…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА









































