Гостивар се збогуваше со убедлив триумф

Кошаркарите на Гостивар се простија од Првата М-Тел лига со победа над Чаир 2030 од 107-72. Гостиварци во последниот натпревар од сезоната славеа убедлива победа, но залудно кога од идната ќе играат во понизок ранг.

Уште пред овој натпревар беше познато дека Гостивар ќе игра во второлигашката конкуренција, но и покрај тоа успеа да се одјави со уббедлив триумф.

Диксон беше најефикасен со 39 поени, а имаше и 10 скока. Димитриевски после него постигна 18. Кај гостите Синани постигна 15 и беше најефикасен кај поразениот тим.

Се вчитува...